АВТОПАТОТ ШТО ГО ГРАДИ „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ МИНУВА НИЗ СЕЛСКИ ГРОБИШТА Николоски вети дека ќе разговара со конзорциумот да се смени трасата
На прашање кога ќе се овозможи повторно железнички транспорт до Солун по дефектот на пругата кај Поликастро, Николоски рече дека согласно одговорот од грчките власти тоа ќе биде за две недели од денеска.
Владата нема многу ингеренции за решавање на проблемите на граѓаните кои се незадоволни од трасата на автопатот од Коридорот 8 бидејќи според договорот што го направила поранешната влада трасирањето го прави конзорциумот „Бехтел и Енка“, изјави денеска министерот за транспорт и врски Александар Николоски на прашање дали Владата ќе им помогне на жителите на гостиварското село Здуње кои бараат автопатот да се тргне од нивните гробишта.
Тој рече дека ќе се разговара со конзорциумот за да им се удоволи на жителите на селото.
– Во однос на Коридорот 8 таму изведувач е конзорциумот „Бехтел и Енка“. Согласно законите такви какви што се донесени од претходната влада и надлежностите се целосно нивни, тие го прават проектирањето и тие го прават трасирањето. Она што можам да кажам е дека ќе поразговараме со нив. Ние правиме неделни состаноци и ќе разговараме. Веќе еднаш сме разговарале, имаше слични проблеми и на други места и ќе направиме сѐ проблемот да се реши. Но треба да се свесни граѓаните дека поради законите на претходната влада нашите надлежности се во рамки на тоа буквално да замолиме, а не нешто да спроведеме или да наредиме – рече Николоски.
На прашање кога ќе се овозможи повторно железнички транспорт до Солун по дефектот на пругата кај Поликастро, Николоски рече дека согласно одговорот од грчките власти тоа ќе биде за две недели од денеска.