„СТАРЛИНК“ НЕМА ДА ЈА ИСКЛУЧИ УКРАИНА ОД МРЕЖАТА Маск во свој стил ја демантираше објавата на Ројтерс

„Ова не е вистина. Ројтерс лаже. Тие се на второ место по AP (Associated Propaganda) како традиционален лажго за вести“, напиша Илон Маск на Икс.

978

Американскиот милијардер и сопственик на сателитскиот систем „Старлинк“ Илон Маск денеска го отфрли извештајот кој ја поврзува можноста за исклучување на Украина од пристапот до овој систем.

Во одговор на информацијата објавена од новинската агенција Ројтерс, Маск јасно истакна дека наведувањето не е точно.






На платформата X, Маск напиша:

„Ова не е вистина. Ројтерс лаже. Тие се на второ место по AP (Associated Propaganda) како традиционален лажго за вести“.

Изјавата доаѓа во моментот кога шпекулациите за потенцијалното исклучување на Украина од „Старлинк“ предизвикуваа дискусии околу улогата на технологијата во обезбедувањето на комуникациски услуги во конфликтни зони.

УКРАИНА ЌЕ БИДЕ ИСКЛУЧЕНА ОД СТАРЛИНК? Зеленски многу ќе изгуби ако не потпише договор за минералите

Поврзани содржини