ПОВЕЌЕ ОД 4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ДОЛЖАТ ГРАЃАНИТЕ КАЈ БАНКИТЕ Но, многу повеќе од тоа граѓаните чуваат во банките

Според податоците на централната банка вкупните депозити во јануари на годишно ниво бележат зголемување од 11%, во поголем дел поради растот на депозитите на домаќинствата, но и на корпоративниот сектор. 

2,905

Долгот на граѓаните кај банките во јануари порасна на 250,1 милиони денари или повеќе од 4 милијарди евра. Овој долг доминира и во вкупниот износ од 8,03 милијарди евра кој го имаат граѓаните и компаниите кон банките, покажуваат последните податоци на Народната банка.

Долгот на граѓаните кон банките расте секој месец, а во јануари годинава пораснал за 8,8% на годишно ниво или за 0,2%  на месечно ниво. Вкупните кредити, пак, бележат раст од 11,3% како резултат на растот на кредитирањето кај двата сектора.






Во јануари за прв пат кај потрошувачките кредити, како најзастапена категорија, е остварен месечен пад од 0,3%, но на годишна основа забележан е раст од  8,4%, додека станбените кредити се зголемени за 0,5% на месечна основа односно за 12,7% на годишно ниво. Овој месец, автомобилските кредити бележат месечен и годишен раст од 0,7% и 5,1%. Кај кредитите одобрени на кредитни картички е забележан пад од 1,1% и 9,0% на месечно и на годишно ниво. Кај негативните салда на тековните сметки, овој месец е остварен месечен раст од 11,4%, при годишен пад од 4,6%, додека кредитите одобрени врз други основи се намалени за 1,2% и 10,2% на месечна и на годишна основа.

Граѓаните, сепак чуваат многу повеќе пари во банките од нивниот долг. Податоците на Народна банка покажуваат дека депозитите на граѓаните во банките изнесуваат повеќе од 6,4 милијарди евра и бележат раст од 14,2% на годишно ниво.

Вкупните депозити (домаќинства, компании) во јануари на годишно ниво бележат зголемување од 11%.

Поврзани содржини