РАЗБИЕНИ СЕ ШЕМИ ЗА ОДБЕГНУВАЊЕ ЦАРИНИ Остварени се и рекордни приходите на Царинската управа

Директорот на Царинската управа Бобан Николовски на синоќешниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ Зборува" рече дека главен проблем бил што неговите претходници лошо раководеле со институцијата..

944

Разбивме шеми, преку кои се избегнувало плаќањe на царинските услуги. Само во првиот месец од нашето доаѓање ја зголемивме наплатата за 16,6%, изјави директорот на Царинската управа Бобан Николовски на синоќешниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ Зборува”.

– 35 половни моторни возила се одземени. Нивната вредност е 20 милиони денари. Притоа се избегнати давачки кон државата од 9 милиони денари. Во шемата учествувале шпедиции, царински службеници, автоплацеви и увозниците, односно транспортери на возилата кои што од запад ги носеле тука – рече Николовски.






Тој посочи дека само во месец јули, кога е назначен за раководител на институцијата е наплатена рекордна месечна сума од 12 милијарди денари.

Николовски рече дека главен проблем во Царината бил неефикасноста во раководењето.

– Буџетот не се полнел онолку колку што треба да се полни, одредени позиции претпоставуваме дека се злоупотребувале, односно користеле повеќе за лични или партиски интереси, отколку за интересите на државата – рече Николовски.

Поврзани содржини