ДЕЛ ОД ОПШТИНА ЦЕНТАР УТРЕ БЕЗ ВОДА Се санира внатрешен дефект на кејот 13 Ноември
Поради внатрешен дефект и барање од странка за затворање на вода на Кејот 13. Ноември, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од хотелот „Холидеј ин“ до поштата, соопшти Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Дел од општина Центар во текот на утрешниот ден ќе остане без вода за пиење, информираат денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Поради внатрешен дефект и барање од странка за затворање на вода на Кејот 13. Ноември, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од хотелот „Холидеј ин“ до поштата, се вели во соопштението.
Најавено е водоснабдувањето да биде прекинато од девет часот до санирање на дефектот.