ПРЕГАЗЕН 17-ГОДИШНИК ВО СКОПЈЕ Со тешки повреди е пренесен во болница

Вчера околу 15.10 часот е пријавено дека на булеварот Гоце Делчев во Скопје, патничко возило фолксваген голф со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(61), удрило во 17-годишен пешак од селото Страчинци, соопшти полицијата.

522

Возач со автомобил вчера удрил во 17-годишно момче на булеварот Гоце Делчев во Скопје и тешко го повредил.

„На 18.2.2025 година околу 15.10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот Гоце Делчев во Скопје, патничко возило фолксваген голф со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(61) од Скопје, удрило во 17-годишен пешак од селото Страчинци, Скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза“, соопшти полицијата.






Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани содржини