📽️ СКИЈАЧИ ГО ВЕЕЈА ЗНАМЕТО НА КОСОВО НА ПОПОВА ШАПКА Снимката се прошири на социјалните мрежи
Честитки по повод независноста, со среќа Косово, порачаа скијачите, а нивниот потег ја подели јавноста на интернет.
На социјалните мрежи се појави снимка од група скијачи кои во понеделникот развија џиновско знаме на Косово на Попова Шапка честитајќи му 17 години независност. На видеото може да се види дека знамето се вееше по снежните падини, а беше качено со шестосед. Снимката може да се види на следниот линк.
„Честитки по повод независноста, со среќа Косово,“ порачуваат скијачите.