НОВИТЕ КРЕДИТИ ОД КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА СО НАМАЛЕНА КАМАТА На располагање се 4 понуди за кредити со бројни поволности

Ако клиентите се одлучат за Станбен кредит, во промотивниот период до 30 април ќе го добијат без трошоци за одобрување и процена на имот. 

945

Комерцијална банка ги намали каматните стапки на новоодобрените потрошувачки, станбени и хипотекарни кредити, со што им овозможи на клиентите атрактивни услови за реализација на нивните планови.

Пониските каматни стапки и дополнителните промотивни услови кај Станбениот кредит се дел од нашата посветеност на обезбедување финансиски решенија кои најдобро се вклопуваат со желбите и потребите на нашите клиенти.






Тие може да изберат Потрошувачки кредит до 2.000.000 денари, Онлајн потрошувачки кредит, Станбен кредит или Хипотекарен кредит и да уживаат во бројни погодности, а пред сѐ во пониски месечни рати. По нивна желба може да изберат и период со атрактивна фиксна каматна стапка.

А, доколку се одлучат за Станбен кредит, во промотивниот период до 30 април ќе го добијат без трошоци за одобрување и процена на имот.

Со ова клиентите добиваат:

– Пониски каматни стапки за уште поповолни месечни рати

– Долг рок на отплата прилагоден на можностите на клиентот

– Можност за осигурување на кредитот за финансиска безгрижност

– Едноставна постапка за аплицирање

Без разлика дали планираат патување, семејна прослава, уредување на домот, нов стан или автомобил, а можеби и факултет за матурантот, Комерцијална банка им овозможува на клиентите поволни услови за остварување на овие убави планови.

Сите соништа и планови се вредни за да се остварат затоа што носат насмевка, возбуда и бесценети спомени!

Поврзани содржини