МИРОВНИОТ ПЛАН ЗА УКРАИНА МОЖЕ ДА БИДЕ ЗАВРШЕН ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА Келог побара малку простор и време
Келог рече дека во моментов постои „двоен“ пристап кон мировните преговори, со претставници на САД во контакт со Русија и одделно со Украина и сојузничките нации.
Mировниот план за Украина може да биде завршен за неколку дена или недели, рече денеска специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, Кит Келог.
– Морате да ни дадете малку простор и време, но кога го велам тоа, не зборувам за 6 месеци, туку за денови и недели – рече тој на безбедносната конференција во Минхен.
Келог рече дека во моментов постои „двоен“ пристап кон мировните преговори, со претставници на САД во контакт со Русија и одделно со Украина и сојузничките нации.