МИРКО ЛАЗАРЕВСКИ ЌЕ СЕ БОРИ ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО СКИЈАЊЕ Касинос Австрија ја поддржа неговата подготовка

181

Државна видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија ја продолжува поддршката за истакнатиот македонски скијач, Мирко Лазаревски, со која се овозможува негова подготовка и учество на квалификациите за Светското првенство 2025. Мирко ќе се натпреварува во дисциплините слалом и велеслалом.

– Со ова спонзорство, Видеолотарија Касинос Австрија ја поттикнува кариерата на еден од нашите најталентирани скијачи, а едновремено, го поддржува и развојот на македонскиот скијачки спорт. Ние сме горди што можеме да бидеме дел од неговиот пат кон ова светското првенство. Уверени сме дека неговата посветеност и труд ќе донесат големи успеси како за него, така и за Македонија – велат од Касинос Австрија.






Мирко Лазаревски ќе се натпреварува на СП во Залбах, во Австрија од 14 до 16 февруари. Тој изразува силна благодарност до тимот на Видеолотарија Касинос Австрија, што го препознава и верува во неговиот потенцијал.

Лазаревски има значајни достигнувања во националните и меѓународните натпревари, пред ова најново соочување. Тој е најдобариот македонски скијач во неговата возрасна категорија. Мирко веќе учествуваше на Олимписките игри за млади во Лозана, Европските олимписки игри во Финска, како и други меѓународни натпреварувања.

 

Поврзани содржини