ДАНЕЛА ГО ИГНОРИРА ЧИСТЕЊЕТО НА СКОПЈЕ, ЦЕНТАР ВО ХАОС Герасимовски прашува дали Арсовска ќе преземе одговорност

Постојано ги повикуваме Комунална хигиена, одговорот е недоволен број на вработени и стара дотрајана механизација која е делумно расипана. Ова не е оправдување, многу одамна градоначалничката Арсовска не учествува ни на состаноците на ЗЕЛС, на скопски плански регион каде што треба да се разговара на овие теми, да се решаваат проблемите на жителите не само на Општина Центар, туку на ниво на Град Скопје“, истакна Герасимовски.

229

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека Општина Центар сабајлево повторно се соочила со смет на улиците кои се во надлежност на Град Скопје. И ова утро, вели тој, жителите на Центар се соочија со истата грда слика од минатата недела, Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска го немаат исчистено ѓубрето од центарските улици кадешто имаат надлежност.

Герасимовски потенцира дека сметот е отстранет од страна на општинските служби.






– Во непосредна близина кај училиштето „Коле Неделковски“ е жална сликата секој понеделник и вторник да се случува истото, децата и родителите да прерипуваат преку ѓубрето за да стигнат до училиштето. Сметот не е отстранет низ неколку локации во Центар. Сабајлево, сметот е отстранет од страна на нашите служби. Постојано ги повикуваме Комунална хигиена, одговорот е недоволен број на вработени и стара дотрајана механизација која е делумно расипана. Ова не е оправдување, многу одамна градоначалничката Арсовска не учествува ни на состаноците на ЗЕЛС, на скопски плански регион каде што треба да се разговара на овие теми, да се решаваат проблемите на жителите не само на Општина Центар, туку на ниво на Град Скопје – истакна Герасимовски во утринската емисија „Ја сакам Македонија” на телевизија Сител

Тој посочи дека на овие состаноци има многу за што да се разговара и да се предложи, но за жал на тие состаноци не присуствува ниту член од Град Скопје, ниту градоначалничката, ниту пак дополнително се праќа некоја замена која ќе ги ислуша сите градоначалници со што се се’ соочуваат и што се препорачува за да се решаваат проблемите.

– И мене не ми е јасно и затоа се екипиравме. Нашите вработени со целосна механизација што ја имаме за да ја завршиме нивната работа. Не ми целта да ги префрламе ингеренциите, односно цело време да се правдаме, туку си ги засукавме ракавите и ги решаваме проблемите кои и они не можат да ги решат – додава тој.

Герасимовски потенцира дека неколку пати имаат побарано да се размисли за преземање на ингеренциите на јавното претпријатие Комунална хигиена.

– Кога ние, со нашиот број на вработени и со оваа механизација успеваме делумно, не целосно да го решаваме проблемот, јас сум сигурен дека доколку ни се дадат поголеми ингеренции, поголема механизација и поголем број на вработени хигиената ќе биде на доста повисоко ниво – изјави Герасимовски.

Минатата недела, Општина Центар започна голема акција за чистење под слоганот „Центар не чека, центар чисти“ кадешто секој ден, во две смени се чистат улиците од смет откако Град Скопје тоа не го прави соодветно.

Поврзани содржини