ДРАМА ВО ЗАГРЕБ, ХРВАТСКА ОДИ ВО ПОЛУФИНАЛЕ Се исплатеше упорноста на Шипиќ

Голот на Шипиќ во последната секунда им даде причина за славје на Хрватите.

604

Репрезентацијата на Хрватска избори полуфинале на Светското ракометно првенство, откако вечерва во Загреб ја совлада Унгарија со 31:30. Голот на Шипиќ во последната секунда им даде причина за славје на Хрватите.

Унгарците не успеаја да се радуваат на крајот и покрај водството со четири голови (29:25) на пет минути пред крајот.






Главаш со шест и Шипиќ со пет погодоци беа најефикасни во победничкиот состав. Кај Унгарците, воедно и на натпреварот најефикасен беше Илиќ осум гола.

Хрватска по седми пат се пласира помеѓу четирите најдобри репрезентациите на светот.

Во второто четвртфинале вечерва од 21 часот се среќаваат Франција и Египет.

 

Поврзани содржини