ПЛАТИТЕ ВО ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМАТ ЗА 5.000 ДЕНАРИ Ѓорѓиевски потпиша нов колективен договор

Почнувајќи од февруари, вработените ќе добијат покачување од 3.000 денари од Општината, додека со предвиденото покачување на минималната плата од Владата, вкупното зголемување на мартовските плати, ќе изнесува околу 5.000 денари.

700

​Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски потпиша договор со Синдикатот, со кој се овозможува покачување на платите на административните службеници од општина Кисела Вода.

Почнувајќи од февруари, тие ќе добијат покачување од 3.000 денари од Општината, додека со предвиденото покачување на минималната плата од Владата, вкупното зголемување на мартовските плати, ќе изнесува околу 5.000 денари.






Денеска градоначалникот Ѓорѓиевски го потпиша новиот колективен договор со претседателот на Синдикалната организација на САДУ на Општина Кисела Вода Далибор Стојановски.

– Во последните три години, Општина Кисела Вода бележи видлив напредок во сите области на своето работење. Овие резултати, меѓу другото, се должат на посветеноста и професионализмот на нашите административни службеници. Успешна општина значи задоволни граѓани кои добиваат брза и ефикасна услуга, а тоа е невозможно без мотивирана и вредна администрација. Со ова покачување на платите, сакаме да покажеме дека нивниот труд е ценет и дека ќе продолжиме да инвестираме во луѓето кои се основа на напредокот на општината – изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

 

Поврзани содржини