ЕЛИФ СЕ СЕЛИ ВО ВАЛЕНСИЈА КАЈ СТОЛЕ Македонското дуо ќе го спасува тимот од „Местаља“ од испаѓање

Според информациите што ги објави „Скај Германија“, Елмас дефинитивно ја напушта Бундеслигата, каде што мина точно една година. До крајот на сезоната, тој ќе биде дел од екипата на Валенсија, која во моментов се соочува со сериозна борба за опстанок во шпанската Ла Лига.

686

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе ги продолжи своите фудбалски предизвици во редовите на шпанската Валенсија, каде што ќе игра како позајмен фудбалер од Лајпциг во следните шест месеци. Ова значи дека тој ќе му се приклучи на својот репрезентативен колега Столе Димитриевски, кој веќе е дел од тимот на „Месталја“.

Според информациите што ги објави „Скај Германија“, Елмас дефинитивно ја напушта Бундеслигата, каде што мина точно една година. До крајот на сезоната, тој ќе биде дел од екипата на Валенсија, која во моментов се соочува со сериозна борба за опстанок во шпанската Ла Лига.






Раководството на Валенсија изрази уверување дека Елмас ќе биде клучен играч во нивната мисија за обезбедување на останување во елитното друштво. Дополнително, се дознава дека тренерот на Валенсија, Карлос Корберан, лично го контактирал македонскиот фудбалер со цел да го убеди за трансферот. Според извори блиски до клубот, Корберан истакнал дека Елмас е идеален за играчкиот стил што го гради тимот во овој критичен период.

Претстојните натпревари за Валенсија ќе бидат вистински тест за издржливост и тимски дух, а доаѓањето на Елмас се смета за значајно засилување кое би можело да го промени текот на сезоната.

Поврзани содржини