📽 НОВ ПОЖАР БЕСНЕЕ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС Огнот брзо се шири поради силните ветрови
Пожарникарите на теренот, како и авионите од воздух, се обидуваат да го изгаснат пожарот што го разгорува силниот ветер.
Нов брзорастечки шумски пожар избувна на 80 километри северно од Лос Анџелес кој зафати површина од 9.000 хектари.
Пожарот почна во областа Кастаик Лејкво во која живеат 18.600 луѓе кои се принудени да ги напуштат домовите.
– Досега се изгорени повеќе од 9.000 хектари- соопштија властите.
Околу 50.000 луѓе во областа веќе се евакуирани. Повеќе од 4.000 пожарникари се распоредени на теренот, додека противпожарните авиони континуирано фрлаат десетици илјади литри вода на погодените области.
Поради пожарот, делови од автопатот 5, главниот пат што ги поврзува северот и југот на Калифорнија, беа затворени за сообраќај, освен за возила за итни случаи. Иако некои делови од патот се повторно отворени, екипите на терен продолжуваат да работат за да спречат ширење на пожарот во населените места во Кастаил.
#hughesfire has reached Castaic proper. pic.twitter.com/ASFq3b91SZ
— BD Photography (@BDP_473) January 22, 2025
Американската шумска служба објави дека реагирале пожарникарите од Националната шума Анџелес и дека целиот парк од 2.800 квадратни километри во планините Сан Габриел е затворен за посетители.
🚨BREAKING: The newest Los Angeles fire nears almost 10,000 acres and still zero percent containment. Evacuation orders are in place. LA can’t catch a break. Stay safe!pic.twitter.com/rkxtdlYJIM
— Autism Capital 🧩 (@AutismCapital) January 23, 2025
Регионот веќе трета недела е погоден од пожари, а временските услови, како што се силните ветрови и сувата вегетација, и понатаму претставуваат сериозен ризик. Националната метеоролошка служба го продолжи предупредувањето за висока опасност од пожар, но се прогнозира дека дождот ќе донесе олеснување почнувајќи од сабота. Во Јужен Лос Анџелес, каде пожарите веќе опустошија неколку населби, некои жители се вратија во своите домови во Пацифик Палисадес и Алтадена.
Претходно во двата смртоносни пожари кои го опустошија Лос Анџелес тие изгоре област речиси со големина на Вашингтон, загинаа 28 луѓе и оштетија или уништија речиси 16.000 објекти. Во еден момент, 180.000 луѓе беа под наредба за евакуација.
Приватниот прогнозер AccuWeather предвидува штети и економски загуби на повеќе од 250 милијарди долари.