ВО БИТОЛА СЕ ГРАДАТ ЕВТИНИ СТАНОВИ Квадратот ќе чини 1.000 евра

Со ова вршиме интервенција во пазарот за недвижности во Битола и запирање на лудилото на зголемувањето на цени на станови, порача вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски.

1,148

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот Фејсбук профил објави дека донесена е одлука за намалување на цената за продажба на станбениот и на деловниот простор во Битола во објектите што ги гради ЈП за станбен и деловен простор од значење за Републиката.

„ПОЕВТИНИ СТАНОВИ ЗА БИТОЛА! На денешната седница на Влада усвоивме одлука со која становите што ги гради ЈП за станбен и деловен простор ќе се продаваат по реални цени. 65 стана ќе се продаваат по 1.000 евра за метар квадратен. 11 дуќани по 2.000 евра за метар квадратен. 71 паркинг место по 500 евра за метар квадратен. Со ова вршиме интервенција во пазарот за недвижности во Битола и запирање на лудилото на зголемувањето на цени на станови! Очекувам исти или слични активности и во други општини во периодот што следи“, објавни Николоски.






Поврзани содржини