ЕВРОПА МОРА ДА СЕ РАЗБУДИ, КОНФЛИКТОТ ВО УКРАИНА НЕМА ДА ЗАВРШИ НИ УТРЕ НИ ЗАДУТРЕ Макрон се плаши дека САД ќе ја повлече својата воена помош
Што ќе прави Европа утре ако американскиот сојузник ги повлече своите воени бродови од Медитеранот? Ако ги испрати своите борбени авиони од Атлантикот во Пацификот? Овие прашања ги постави францускиот претседател, Емануел Макрон, посочувајќи дека Франција и Европа мора да се адаптираат на променливите закани и интереси и дека не треба да зависат од САД.
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, вчера изјави дека конфликтот во Украина „нема да заврши утре, ниту задутре“, алудирајќи на најавата на новиот американски претседател Доналд Трамп за брзо завршување на војната.
– Не може да има мир и безбедност во Европа без Европејците и без тоа да биде договорено од Европејците. Предизвик е да ѝ обезбедиме средства на Украина за да издржи и да влезе во какви било идни преговори од позиција на сила. како и гаранции за нашата сопствена безбедност – истакна Макрон во обраќањето пред армијата во базата во близина на Рен.
Макрон ја повика Европа „да се разбуди“ и да ги зголеми трошоците за одбрана за да ја намали зависноста од САД.
– Што ќе правиме утре во Европа ако нашиот американски сојузник ги повлече своите воени бродови од Медитеранот? Ако ги испрати своите борбени авиони од Атлантикот во Пацификот? – посочи Макрон.
Според него, Франција и Европа мора да се адаптираат на променливите закани и интереси.