СЕ ГУБИ ВОДА ОД МАГИСТРАЛНИОТ ВОД ЗА ПАРНО КАЈ ОЛИМПИСКИ БАЗЕН Екипи на ЕСМ Дистрибуција работат на отстранување на дефектот

Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина продолжуваат со работа, со вложување максимални напори за што побрзо отстранување на дефектот, по што ќе следи нормализирање на испораката на топлинска енергија за потрошувачите кои се снабдуваат со топлинска енергија од тој магистрален вод

2,304

Поради зголемени загуби на вода во топлификациската дистрибутивна мрежа дел од потрошувачите на ЕСМ Снабдување со топлина почувствуваа намален квалитет во испораката на топлинска енергија, информира ЕСМ дистрибуција.

Оттаму додаваат дека екипите на ЕСМ Дистрибуција го лоцирале дефектот на магистрален вод А во општина Центар што поминува преку булеварот Кочо Рацин, на потегот помеѓу Веро Центар и Олимписки базен.






Екипите работат на утврдување на дефектот и негово отстранување.

– Двегодишната тотална негрижа и неодржување на дистрибутивната мрежа од претходното раководство кое несовесно и неодговорно ја раководеше компанијата придонесе за појава на вакви неочекувани дефекти. Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина продолжуваат со работа, со вложување максимални напори за што побрзо отстранување на дефектот, по што ќе следи нормализирање на испораката на топлинска енергија за потрошувачите кои се снабдуваат со топлинска енергија од тој магистрален вод – вели Петар Милетиќ, директор на ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија.

Засега не се знае кога ќе се нормализира состојбата со парното.

ГОЛЕМ ДЕЛ ОД СКОПЈЕ Е БЕЗ ПАРНО Греењето е намалено поради зголемени загуби на вода од мрежата

Поврзани содржини