ГОЛЕМ ДЕЛ ОД СКОПЈЕ Е БЕЗ ПАРНО Греењето е намалено поради зголемени загуби на вода од мрежата

Граѓаните се пожалија дека становите им се ладни, парното речиси и да не работи, а ЕСМ велат дека се работи на решение за топлинскиот колапс.

1,397

Претпладнево многу скопјани се соочија со ладни радијатори, што предизвика незадоволство, особено во населбите како Аеродром, Карпош и Центар. Домаќинствата пријавуваат дека греењето е слабо или воопшто го нема, а ниските температури ја влошија ситуацијата.

Од АД ЕСМ Снабдување информира дека проблемот е предизвикан од зголемени загуби на вода во топлификациската дистрибутивна мрежа.






„Екипите на Дистрибуција на топлина се на терен и активно работат на изолирање на проблемот, со цел воспоставување стабилен хидрауличен режим во системот и нормализација на снабдувањето со топлинска енергија. Се користат сите расположливи ресурси, а екипите преземаат засилени мерки и вложуваат максимални напори за што побрзо воспоставување на редовно снабдување со топлина до потрошувачите“, стои во информацијата од ЕСМ Снабдување.

За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075400100.

 

СЕ ГУБИ ВОДА ОД МАГИСТРАЛНИОТ ВОД ЗА ПАРНО КАЈ ОЛИМПИСКИ БАЗЕН Екипи на ЕСМ Дистрибуција работат на отстранување на дефектот

Поврзани содржини