ПО ТРАМП ОД ДЕНЕСКА МОЖЕ ДА СЕ КУПИ И МЕЛАНИЈА Идната прва дама на САД лансира сопствена криптовалута
Претходно и новоизбраниот претседател на САД Доналд трамп, лансираше сопствена криптовалутата, која денеска ја зголеми својата цена за 73% на 46,06 долари и пазарна капитализација од повеќе 9 милијарди долари.
По новоизбраниот американски претседател, неговата сопруга Меланија исто така објави свое меме за криптовалута. Токенот на идната прва дама се вика $MELANIA.
View this post on Instagram
На крајот на минатата недела Трамп покрена сопствена криптовалута позната како $TRUMP.
Криптовалутата, денеска ја зголеми својата цена за 73% на 46,06 долари и пазарна капитализација од повеќе 9 милијарди долари.
Трамп го најави лансирањето на новата криптовалута, чиј токен го носи неговиот лик од времето на неуспешниот обид за атентат врз него во јули минатата година.
Дури и играчите на пазарот на криптовалути беа изненадени од лансирањето на токенот, јавија американските медиуми.
Трамп вети дека ќе биде „криптопретседател“ и се очекува да издаде извршни наредби насочени кон намалување на регулаторните пречки и промовирање на широко усвојување на дигитални средства. Изгледите за олеснување на регулативата во секторот беше дочекана со ентузијазам од индустријата и го поттикна брзиот пораст на цените на биткоинот по изборната победа на Трамп во ноември.