ПРОНАЈДЕНИ ПУШКИ И МУНИЦИЈА КАЈ СКОПЈАНЕЦ Обвинителството поведе истрага и бара притвор

На 18 јануари полициски службеници извршиле претрес во дом и други простории на лицето, на улицата Македонско-косовска ударна бригада во Скопје, при што пронашле една пушка марка Црвена застава, една ловна пушка, муниција - куршуми и патрони, како и делови и компоненти од огнено оружје, соопшти Обвинитрлството.

473

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишен скопјанец за кривичното дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи.

„На 18 јануари полициски службеници извршиле претрес во дом и други простории на лицето, на улицата Македонско-косовска ударна бригада во Скопје, при што пронашле една пушка марка Црвена застава, една ловна пушка, муниција – куршуми и патрони, како и делови и компоненти од огнено оружје. Ценејќи дека лицето нема да може да биде обезбедено во текот на постапката со друга поблага мерка, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“, соопшти Јавното обвинителство.

Поврзани содржини