Македонската ракометна репрезентација на полувреме против селекцијата на Холандија замина со резултат 15:18.
Проблем плус е и црвениот картон на Атанасијевиќ, кој беше задолжен за директен маркер на Стајнс, па останува да се види како ќе се браниме од најдобриот холандски ракометар во второто полувреме.
Македонските ракометари одлично се снајдоа во текот на првото полувреме од натпреварот во рамките на Светското првенство во ракомет и покрај негативниот резултат за нашата селекција. Во првите 17 минути дури бевме во офанзива, а избраниците на Кирил Лазаров се бореа цврсто, играат храбро, но падот во последните пет минути им го отвори патот на „лалињата“.
Избраниците на Лазаров ќе ја имаат шансата во второто полувреме да ја израдуваат македонската нација и да и го донесат посакуваниот резултат на Македонија за сигурно продолжување на сонот на ова Светско првенство.