ЈАВНОСТА МУ СЕ НАЛУТИ НА ОСКАРОВЕЦОТ Ди Каприо „побегнал“ со авион од огнените јазици во Лос Анџелес
Леонардо Дикаприо се најде на удар на критики поради тоа што „избега“ во Мексико со приватен авион по разорните пожари во Лос Анџелес, откако претходно предупредуваше на штетното влијание на авионите врз климатските промени.
Оскаровецот беше критикуван на социјалните мрежи со коментари дека го искористил неговиот статус и славата напуштајќи го Лос Анџелес со приватен авион и покрај неговата репутација како „активист за климатски промени“.