РУСИЈА ГО ПОЗДРАВУВА ФАКТОТ ДЕКА ТРАМП Е РЕАЛИСТИЧЕН Кремљ е спремен да ги проучи мировните иницијативи за Украина, предложени од новоизбраниот американски претседател

Шефот на руската дипломатија рече дека позицијата (за реалноста на теренот) на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, се одразува и во неговите изјави (на Доналд Трамп), но и во коментарите на неговиот иден советник за национална безбедност, Мајк Волц.

517

Русија е подготвена да ги проучи мировните иницијативи на новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, за војната во Украина, кога следната недела ќе ја преземе функцијата, изјави денеска шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

Лавров предупреди дека Трамп за војната, за која претходно рече дека ќе биде прекината во рок од 24 часа по неговото враќање во Белата куќа, зборувал пред неговата инаугурација, но додаде дека Русија го поздравува фактот што тимот на Трамп почнува да зборува за „реалноста на теренот“ кога станува збор за Украина.






Шефот на руската дипломатија рече дека тоа се одразува и во изјавите на Трамп и во коментарите на неговиот иден советник за национална безбедност, Мајк Волц.

Волц пред 2 дена, во интервју за телевизијата Еј-Би-Си, изјави дека е јасно оти војната некако мора заврши со дипломатски средства.

– Едноставно не мислам дека е реално да се каже дека ќе го исфрлиме секој Русин од секоја педа украинска почва, дури и од Крим. Претседателот Трамп ја призна таа реалност и мислам дека тоа беше огромен чекор напред за целиот свет, да ја прифатиме таа реалност. Ајде да одиме напред – рече Волц за телевизијата.

ИМА САМО ЕДНА СТРАТЕГИЈА ЗА КРАЈ НА ВОЈНАТА И ТАА ЗАВИСИ ОД ПУТИН Трамп потврди дека наскоро ќе се сретне со рускиот претседател

Поврзани содржини