СЕ ИЗЛИЗГАЛА МАШИНА ЗА ЧИСТЕЊЕ СНЕГ Регионалниот пат Гевгелија-Богданци беше во прекин, но сега проблемот е решен
Од АМСМ информираат дека сообраќајот е прекинат во обете насоки.
Прекинат е сообраќајот во двете насоки на регионалниот пат Гевглија-Богданци, информира Авто мото сојузот на Македонија.
„Од 09.50 часот на регионалниот пат 1102, Гевгелија-Богданци, поради излизгана машина за чистење на снегот, сообраќајот е во прекин во двата правци“, соопшти АМСМ.
ОБНОВЕНО
Сепак, неполн час подоцна, пристигна ново соопштение од АМСМ во кое се вели дека сообраќајот на овој регионален пат е нормализиран.
„Од 11:00 часот на регионалниот пат 1102, Гевгелија-Богданци, сообраќајот е нормализиран“, информираше АМСМ.