НАСКОРО СРЕДБА ТРАМП-ПУТИН Во тек се подготовки за средбата
Очекувам разговор меѓу Трамп и Путин во наредните денови и недели, изјави советникот за национална безбедност на трамп Мајк Волц.
Кандидатот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за советник за национална безбедност, Мајк Волц, денеска изјави дека во блиска иднина очекува разговор меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.
– Очекувам разговор меѓу Трамп и Путин во наредните денови и недели – изјави Волц за „Оваа недела“ на Еј-Би-Си.
Тој додаде дека „во тек се подготовки“ за состанокот и оти од перспектива на Трамп „не може да се постигне договор ако нема некаков вид на односи и дијалог со другата страна и тоа апсолутно ќе се утврди во наредните месеци“.