📷 ДАНЕЛА ГО ФАТИЛА КУРТО КАКО ГИ ТРУЕ ГРАЃАНИТЕ Нови 7 кривични пријави за градоначалникот на Шуто Оризари

На овие кривични пријави им претходи кривична пријава за дива депонија на територија на општина Шуто Оризари, која Курто Дудуш ја прави на лично свое приватно земјиште за што сам со себе во име на општината си склучил договор, а за што е фатен и за истото е изречена глоба и веќе е покрената пријава за соодветна одговорност, соопшти Град Скопје.

1,148

Денеска на терен инспекторите на градот Скопје со асистенција на интервентна полиција, констатираа нови кривичните дела на Курто Дудуш, при креирањето нова дива депонија за што е поднесена нова кривична пријава, со која дополнително се бара одговорност за загадувањето со канцерогени материи, со што Дудуш директно го загрозува здравјето на граѓаните на градот Скопје, реагираше Град Скопје преку сооопштение.

„На овие кривични пријави им претходи кривична пријава за дива депонија на територија на општина Шуто Оризари, која Курто Дудуш ја прави на лично свое приватно земјиште за што сам со себе во име на општината си склучил договор, а за што е фатен и за истото е изречена глоба и веќе е покрената пријава за соодветна одговорност. Јавноста треба да знае дека Комунална хигиена Скопје редовно ги завршува своите активности во општина Шуто Оризари, а за она што е надлежност на градоначалникот Курто Дудуш, и контејнерите кои сам ги поставува на територијата на општината друг не може да биде одговорен. До овој момент против градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш поднесени се повеќе од 40 кривични пријави од кои најголем дел се однесуваат на сериозна злоупотреба на буџетски средства, исплати на пари без соодветни постапки и распишан тендер, креирање на диви депонии, загрозување на животната средина и здравјето на граѓаните. Хаосот на Дудуш во Шуто Оризари настанат поради неговата неспособност и лукративни интереси, ќе го средиме за да се спречи загрозувањето на здравјето на жителите од општината, а ќе одиме до крај за целосно расчистување на случајот за Дудуш, криминогениот трујач на скопјани да ја добие заслужената казна за делата за кои е утврдено одговорен“, се вели во соопштението на Град Скопје.

Поврзани содржини