УКРАИНА САКА ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНФЛИКТОТ ОВАА ГОДИНА Зеленски бара безбедносни гаранции од САД
Нашата цел е да добиеме безбедносни гаранции и да ставиме крај на војната оваа година. Ќе направиме сè за да биде така, изјави yкраинскиот претседател во интервју за италијанската телевизија „Рaи њус 24“.
Украина прави сè што е можно за да стави крај на војната оваа година изјави претседателот Володимир Зеленски на состанокот во воената база Рамштајн во Германија, пренесува Њуз Украина. Тој побара силни гаранции од САД пред договарањето на евентуален мир.
Зеленски ги спомна гаранции и во интервју за италијанската телевизија „Рaи њус 24“.
– Сакаме Америка да изврши притисок врз Русија и да им даде гаранции на Украина и на Европа за да нема повеќе војна за Украина и Европа.
Тој рече дека безбедносните гаранции мора да бидат такви за да овозможат невраќање на Путин“, кој „сака да ја уништи Украина“.
Зеленски се сретна со италијанската премиерка Џорџа Мелони и ја опиша средбата како одлична. Тој рече дека од ЕУ очекува важни чекори кои ќе дојдат од замрзнатите руски средства. Тој побара одмрзнување на овие средстава од земјите Г7.
Украинскиот лидер вели дека нема право да биде уморен пред неговиот народ и неговото семејство кои поминуваат низ војната.
Тој откри дека на средбата со сојузниците во базата Рамштајн му била ветена дополнителна помош од две милијарди долари.
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров неодамна изјави дека прекинот на огнот во Украина нема да ја задоволи Москва која бара сигурен и обврзувачки договор.