ОД СКОПЈЕ ДИРЕКТНО ДО ПАРИЗ И ДО АМСТЕРДАМ Николовски најави дека ќе се лета и прекуокеански

Министерот за транспорт потенцираше дека шест дестинации се веќе потврдени, од Скопје директно во наредниот период ќе се лета за Барселона, Дубаи, Лион и за Штутгарт, додека пак од охридскиот аеродром директно ќе се лета за Базел и до Истанбул на новиот главен аеродром, за што веќе се продаваат авионски карти од Сиднеј, Вашингтон и од Торонто за Охрид.

646

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во вечерашното гостување во Дневникот на ТВ Сител истакна дека претстои силен развој во авиосообраќајот и во следниот период најави нови дестинации за граѓаните.

Тој потенцираше дека шест дестинации се веќе потврдени, од Скопје директно во наредниот период ќе се лета за Барселона, Дубаи, Лион и за Штутгарт, додека пак од охридскиот аеродром директно ќе се лета за Базел и до Истанбул на новиот главен аеродром, за што веќе се продаваат авионски карти од Сиднеј, Вашингтон и од Торонто за Охрид.






Покрај овие шест, Николоски вечерва најави уште четири нови авионски линии од македонските аеродроми.

– Ќе се лета од Скопје за Амстердам, од Скопје за Париз, и тоа до најблискиот аеродром до центарот – аеродромот „Орли“, имаме најава од „Катар Ерлајнс“ дека ќе отворат најмалку една дестинација и многу интензивно работиме Скопје да стане само третиот главен град на Балканот од каде што ќе има прекуокеански летови. Во моментов прекуокеански летови има од аеродромот од Истанбул и аеродромот во Белград, а нашата цел е Скопје да биде третиот град од каде што ќе се лета прекуокеански – истакна министерот Николоски.

Тој најави и целосна реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродром што ќе се реализира во следните неколку месеци, објект кој не е реконструиран откако е изграден.

Поврзани содржини