УБИЛ 2 ДЕЦА И 4 МАЖИ, РАНИЛ ТРОЈЦА ВО ЦЕТИЊЕ По тепачка во ресторан извадил оружје и пукал
Полицијата ги повика граѓаните на Цетиње да останат присебни и да останат во своите домови додека полициски единици не ја стават ситуацијата под контрола.
Во ресторан во населбата Бајице во Цетиње, денеска попладне А.М. со употреба на огнено оружје уби најмалку 4 лица и ранил 2 лица, а потоа во населбата Богданов убил 2 деца и ранил една жена, пренесуваат црногорските медиуми.
Убиецот по пукањето побегнал, а полицијата трага по него.
„Апелираме до граѓаните на Цетиње да останат присебни и да останат во своите станбени објекти. Сите расположливи полициски единици се на терен и преземаат активности од нивна надлежност со цел да ја стават ситуацијата под контрола и да ги гонат сторителите. Ја информиравме јавноста дека се работи за ситуационен настан, кој не е последица на пресметкаа на високоризични организирани криминални групи“, соопшти црногорската полиција.
Според медиумите прво се случила тепачка во ресторанот, а потоа убиецот извадил оружје и пукал.