ПОЛИЦИЈАТА СЕ ПОДНОВИ СО ВОЗИЛА Тошковски за следната година најави нови униформи и нови полициски станици

Тошковски најави дека следната година ќе се градат нови полициски станици и ќе се набават и нови униформи за најголем број полициски единици со цел модернизација во секој сегмент на работењето на полицијата.

540

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на Министерството официјално стави во функција дел од моторните возила набавени за потребите на организациските единици на МВР и Бирото за јавна безбедност.

-Во насока на нашата посветеност да градиме вистински опремена, модерна и европска полиција која ќе има капацитет за борба со сите видови криминал и заштита на безбедноста на сите граѓани на Македонија денес имам можност да ги ставиме во употреба нови автомобили обезбедени за потребите на полициските сектори и единици. Се работи за автомобили од производителот „шкода“ набавени од страна на министерството на јавна набавка, во насока на обновување на возниот парк на министерството кој е во незавидна состојба и кој планираме во следната година да го реобновиме во најголем дел. Македонската полиција ќе биде гордост и носител на безбедноста на македонските граѓаните и се стремиме кон остварување на оваа цел – изјави Тошковски.






Тој најави дека следната година ќе се градат нови полициски станици и ќе се набават и нови униформи за најголем број полициски единици со цел модернизација во секој сегмент на работењето на полицијата.

Поврзани содржини