ТРОЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА Со службена „шкода“ се судриле со друго возило

Несреќата се случила на булеварот Крсте Мисирков во Скопје.

3

Во СВР Скопје вчера околу 13 часот е пријавено дека на булевар Крсте Мисирков во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „МГ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(29) од Кичево и патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, управувано од Н.Ѓ.(31) од Скопје.

При тоа, со телесни повреди се здобил возачот на возилото „шкода“ и неговите сопатници Т.Џ.(35) од с.Батинци, скопско и П.Т.(35) од Скопје, сите полициски службеници, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.






Поврзани содржини