Демаскирана ДУИ!
Со блокадата на Уставниот суд и заканите по безбедноста на државата, дефинитивно паднаа маските за демократскиот карактер на нивната борба.
На македонската политичка сцена се појави во 2001 година како политичко крило на паравоената формација УЧК или ОНА, којашто ѝ објави војна на Македонија.
Причината за војната (според нив) беше остварување на човековите, јазичните и културните права на припадниците на албанската етничка заедница во Македонија. И до денешен ден, не сакаат да прифатат дека основното право на човекот е правото на живот кое тие масовно го прекршуваа, убивајќи припадници на македонските воени и безбедносни сили, меѓу кои имаше и припадници на албанската етничка заедница.
По Охридскиот мировен договор, на македонската политичка карта се легитимираа како демократска партија, уште и за европска интеграција, со социјалдемократска идеолошка ориентација.
За да бидат модерни, по извесен период се трансформираа во „зелена партија“.
Конечно, кога паднаа од власт на последните парламентарни избори, не прифаќајќи да бидат опозиција ѝ отворија политичка војна на Македонија, спротивно на демократските правила на игра. Себеси се сметаат за ексклузивни претставници на Албанците во Македонија, а нивниот лидер Али Ахмети, неприкосновен лидер на сите Албанци во Македонија.
Со блокадата на Уставниот суд и заканите по безбедноста на државата, дефинитивно паднаа маските за демократскиот карактер на нивната борба.
Напаѓајќи ја врвната правна институција во државата, практично покажаа дека лажна е нивната борба за правна држава.
Наместо да почекаат на одлуката на Уставниот суд и доколку сметаат дека со неа се повредени нивните човекови права, да се обратат на Судот за човекови права во Стразбур, тие вршат невиден притисок на институциите на државата.
Знаат тие дека немаат право на она што го бараат.
(ФЕЈСБУК СТАТУС НА АВТОРОТ)