ТРАГЕДИЈА ВО ГЕВГЕЛИЈА Загина 21-годишен градежен работник, паднал од зграда
„Б.Б. бил пренесен во болницата во Гевгелија, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што починал“, се вели во полициското соопштение.
Градежниот работник Б.Б. (21) од село Орашац, кумановско, починал откако паднал од зграда во изградба на булевар Гевгелија во Гевгелија.
Според информацијата од СВР Струмица, настанот бил пријавен во Полициската станица во Гевгелија.
„Б.Б. бил пренесен во болницата во Гевгелија, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што починал“, се вели во полициското соопштение.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од ОЈО Гевгелија, а увид на местото извршиле инспектор од Државен инспекторат за труд и екипа на ОВР Гевгелија.