ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА ЌЕ ПАДНЕ? Ќе се гласа недоверба на премиерот Барние

272

Пратеничките групи на левите и екстремно десничарските партии во францускиот Парламент денеска поднесоа предлог за гласање недоверба на Владата, откако премиерот Мишел Барние одлучи да го искористи членот 49.3 од францускиот Устав за да го спроведе усвојувањето на буџетските мерки без гласање.

„За барањето за смена на Владата ќе се гласа во среда, а доколку биде усвоено, Барние ќе биде принуден да поднесе оставка по само два и пол месеца“, објави Гардијан.






Барањето за гласање доверба на Владата го поднесе Новиот народен фронт (НФП), левичарска коалиција во која се социјалистите, Зелените, крајната левица и Комунистичката партија.

Поврзани содржини