ПРИТВОР ЗА ТРИ ЛИЦА КОИ ГО СКВЕРНАВЕА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ Против нив е поднесена кривична пријава за предизвикување омраза и раздор
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, уапсени се осум лица во врска со извршено кривично дело „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа” по чл.319 од КЗ, по повод организираната прослава на албанското знаме на плоштад Скендербег во Скопје, при што по завршување на прославата од страна на повеќе лица на неколку локации на булевеарот Крсте Мисирков беше извршено палење и кинење на државното знаме.
„Од страна на Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал преземени се оперативни мерки и активности, како и прегледи на видео снимки од безбедносни камери и видеа објавени на социјални мрежи, при што е обезбеден доказен материјал и документирани се дејствијата на лицата Ф.И., Е.Д. и С. М. Во координација со ОЈО Скопје против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело ‘Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа’ по чл.319 од КЗ и се изнесени пред Судија за претходна постапка, од чија страна на истите им е одредена мерка притвор во траење од осум дена“, наведено е во соопштението од МВР.