📽️ АПАСИЕВ ВО СОБРАНИСКАТА САЛА ИМ СЕ ИЗНА*БА НА ЖЕНАТА И НА СЕСТРАТА НА ПРАТЕНИКОТ ЈОВАНЧЕВ Лидерот на Левица јак на вилица

Претседателот на Собранието Африм Гаши за да спречи ескалација на инцидентот, повика обезбедување и прогласи 10-минутна пауза.

4,742

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, денеска на собраниската седница влезе во жестока вербална расправија со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев. Конфликтот ескалираше кога Апасиев фрли слушалки кон Јованчев и се обиде физички да се пресмета со него.

Апасиев во расправата упати погрдни зборови кон семејството на Јованчев, упатувајќи недолични пораки на сметка на жена му, сестра му итн. Овие изрази го шокираа сите кои се навикнати на жестокоста на лидерот на Левица, но не очекуваа тој на вакви грди пцости.






Интервенираше собраниското обезбедување, а исто така, пратеникот од Левица, Борислав Крмов, со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, за малку не разменија тупаници, што ја зголеми напнатоста во Собранието.

Претседателот на Собранието Африм Гаши за да спречи ескалација на инцидентот, повика обезбедување и прогласи 10-минутна пауза.

Инаку, инцидентот започна кога пратеникот Реџеп Исмаил од Левица постави пратеничко прашање до премиерот Христијан Мицкоски, иако тоа претходно не било најавено писмено, како што налага Деловникот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

Поврзани содржини