ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО СКОПЈЕ Возач со мопед удрил во малолетничка, и двајцата завршиле во болница

На крстосницата од ул. Лондонска и ул. Варшавска во Скопје, мопед, управуван од 35-годишниот А.О., удрил во малолетничка, а потоа и во паркиран автомобил „пежо“.

296

Скопјанка во средата завршила во болница, со тешки телесни повреди, откако била удрена од мопед кој потоа удрил во автомобил „пежо“.

„На 20 октомври 2024 година, во 13.35 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул. Лондонска и ул. Варшавска во Скопје, мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од 35-годишниот А.О. од Скопје, удрил во малолетничка, а потоа и во паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од 50-годишниот Ф.С. од Скопје“, соопшти Министерството за внатрешни работи.






Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека, пак, возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани содржини