МАЛОЛЕТНИЧКА НАПАДНАТА ОД ДРУГА НА СВАДБА ВО КУМАНОВО Полицијата го истражува инцидентот во кој се вмешале мајка и сестра
Од полицијата велат дека се работи на утврдување на сите детали и одговорноста на лицата вклучени во инцидентот.
На свадбена веселба во Куманово, малолетно девојче било физички нападнато од друга малолетничка, а потоа и од нејзината мајка и сестра. Нападот се случил во присуство на други гости.
„На 16.11.2024, Н.Р. (37) од Куманово го пријавил инцидентот кој се случил на 14.11 во Куманово. Полицијата веднаш започнала со преземање мерки за расчистување на случајот“, информираат од полицијата.
Оттаму додаваат дека се работи на утврдување на сите детали и одговорноста на лицата вклучени во инцидентот.