СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ОД ДЕНЕСКА ПОВТОРНО Е ОТВОРЕНА ЗА ПОСЕТИТЕЛИ Беа спроведени разни мерки за осигурување на безбедноста на ЗОО Скопје

ЗОО Скопје беше затворена за посетители откако беше потврден случај на птичји грип.

103

Зоолошката градина во Скопје од денеска повторно ќе биде отворена за посетители откако во октомври беше потврден случај на птичји грип.

„Ве известуваме дека од оваа сабота (09.11.2024) Зоолошката градина на Град Скопје повторно ќе биде отворена за посетители со редовно работно време од 09:00-16:00 секој ден. Да уживаме заедно во убавите есенски и сончеви денови, ве очекуваме“, се вели во објавата на Фејсбук.






ЗОО Скопје беше затворена за посетители откако беше потврден случај на птичји грип. Беше спроведен надзор и хумано убивање 24 патки, шест гуски, пет кокошки и една чавка. Беа наредени мерки за дезинфекција, испитување на другите птици, присутни во Зоолошката градина, за присуство на вирусот, зголемување на биосигурносните мерки и други мерки, со цел сузбивање на болеста и спречување на нејзино ширење надвор од Зоолошката градина кај животните и кај луѓето.

Поврзани содржини