МАКЕДОНИЈА ЌЕ Ѝ ИСПРАТИ НОВА ТУРА ПОМОШ НА УКРАИНА За модернизација на македонската армија догодина над 2 отсто од БДП

Министерот за одбрана Владо Мисајловски најави дека Владата денеска на затворена седница ќе одлучи за нова тура помош за Украина, а најави и дека ќе следува забрзана модернизација на македонската армија, за што е планирана сериозна сума на пари.

930

Владата денеска на затворена седница ќе донесе одлука за нов пакет помош за Украина, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски, на форумот во МНР по повод 75-годишнината од НАТО .

Мисајловски рече дека Македонија ќе се приклучи на барањата од другите земји членки на Алијансата и на ЕУ да продолжи да го помага одвраќањето на руската агресија во Украина.






Министерот не прецизираше што ќе содржи помошта за Украина. Тоа ќе биде соопштено по владината седница.

– Ќе продолжиме да помагаме. Затоа сме пријатели. Помош ќе има и во иднина според можностите на Македонија – порача министерот за одбрана.

Мисајловски најави забрзана модернизација на македонската армија, за што идната година одвојувањата ќе бидат над два отсто од БДП, што според министерот, е сериозна сума на пари.

Министерот посочи дека безбедносната состојба во Македонија е стабилна, но, постои ризик од активирање на балканската бегалска рута по последните воени случувања на Блискиот Исток.

Поврзани содржини