ДАЛИ ТРУДНИЦИТЕ ТРЕБА ДА СЕ ПЛАШАТ ОД МАЧКИ? Што е токсоплазмоза и како да се заштитите?
Мачките кои живеат исклучиво дома, кои јадат комерцијална храна и не ловат – не можат да бидат заразени со токсоплазма. Многу е поверојатно луѓето да се заразат со токсоплазмоза ако јадат недоволно термички обработено месо и недоволно измиено овошје и зеленчук. И секако, ако ја хранат домашната мачка со сирово месо
Не постои бремена жена, љубителка на мачки, која не ги слушнала приказните за токсоплазмозата и потенцијалната опасност што оваа болест ја претставува за нејзиното бебе.
Често се случува луѓето да се откажат од своите долгогодишни миленици кога очекуваат бебе, токму поради стравот од инфекција.
Сепак, не е сѐ така црно и стравот може да се надмине со разбирање на болеста и начинот на кој таа се пренесува и се развива.
Што е токсоплазмоза и кој може да заболи?
Токсоплазмозата е болест предизвикана од едноклеточен организам – паразитот Toxoplasma gondii. Може да зарази голем број цицачи, но и луѓе. Голем број луѓе сигурно во одреден период од животот ќе дојдат во контакт со овој паразит, но нема да се разболат.
Причината за тоа е што телото на здрава личност успешно го потиснува овој паразит и го спречува развојот на болеста. Сепак, исклучок се лицата со намален имунитет и трудниците, кај кои се препорачува дополнителна претпазливост.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.