АРТАН ГРУБИ БЕШЕ НОСИТЕЛ НА ЗЛОУПОТРЕБИТЕ НА БАЛАНСЕРОТ Ќе се носи закон за правична застапеност, не само на етничките, туку за сите категории
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски рече дека самите институции го злоупотребуваа балансерот, а носител на тие злоупотреби беше Артан Груби во чие министерство имаше огромен број на вработени токму по овој основ.
Во последните години видовме дека балансерот како калкулатор почна да се злоупотребува од страна на институциите, носител на тие злоупотреби беше господинот Артан Груби во неговото министерство, во кое знаеме дека имаше огромен број на вработени токму по овој основ, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски на дебата во ТВ Клан.
Тој истакна дека правичната застапеност на сите етнички заедници при вработувањата во државата е важна.
– Но, балансерот како калкулатор за пресметување на идните вработени во однос на етниприпадноста веќе ја има одиграно својата улога и истиот треба да се замени. Со ваквата алатка граѓаните беа доведени во ситуација да се определуваат дека не се Македонци, Албанци, Роми, Турци и така натаму, за да можат да дојдат до работно место во државна администрација – рече Велјановски.
Тој потсети дека во Стратегијата за реформа во јавната администрација, која беше поддржана од ДУИ, е предвидено укинување на балансерот, а исто така и вп препораките на ЕК се предупредува балансерот се злоупотребува.
Велјановски рече дека е формирана работна група која треба да изработи предлог-закон, а притоа ќе ги земе предвид мислењата од стручната јавност.
– Формирана е работа група која треба да работи на предлог-закон во кој ќе биде вклучена стручната јавност преку јавна расправа и сите општествени чинители, за да се добие едно добро законско решение. После ќе побараме и мислење од Венецијанската комисија, за да не се судриме со Уставниот суд, дури потоа ќе влеземе во постапка за да донесеме едно ново законско решение. Со него ќе бидат задоволени не само етничките заедници, туку и останатите ранливи категории во општеството – појасни пратеникот Велјановски.