„ЦЕЛА ШПАНИЈА ПЛАЧЕ СО ВАС“ Над 72 загинати, десетици исчезнати во катастрофалната поплава

Премиерот Педро Санчез вети брза помош за погодените од катастрофата, нудејќи ги „сите расположливи средства“.

572

Бројот на загинатите од силните поплави во Шпанија попладнево се зголеми на најмалку 72, соопштија локалните власти, јави ДПА.

Бурите во Шпанија вчера попладне оставија големи делови од земјата под вода.






Премиерот Педро Санчез вети брза помош за погодените од катастрофата, нудејќи ги „сите расположливи средства“.

– Нема да ве оставиме. Цела Шпанија плаче со вас – вели Санчез.

Регионалната влада потврди дека најмалку 70 луѓе загинаа само во најтешко погодениот источен регион Валенсија.

Уште две тела беа пронајдени во соседниот регион Кастиља-Ла Манча, а десетици луѓе се  водат за исчезнати.

Метеоролошката служба АЕМЕТ соопшти дека ситуацијата во Шпанија нема целосно да се олесни до утре.

Поради поплавените или блокирани патишта спасувачите водат тешка борба да стигнат до областите погодени од катастрофата.

Голем дел од хуманитарната работа се изведува со хеликоптери.

Многу луѓе се заробени во куќи, канцеларии или во трговски центри и упатија итни повици на социјалните мрежи. Многумина се јавуваат и во медиумите, бидејќи не можат да контактираат со пријатели и роднините.

Поврзани содржини