РОДЕНДЕН ВО ДИСКО СТИЛ „Ист гејт мол“ викендов го слави третиот роденден
Забавата во петок ќе започне од 17 до 20 часот, додека во сабота и недела ќе трае од 13 до 19 часот.
Овој викенд, на 1, 2 и на 3 ноември 2024 година, „Ист гејт мол“ го прославува својот трет роденден. Роденденската забава оваа година е повторно тематска, во диско и ретро стил.
– Уникатноста е нешто што нѐ двои и нѐ прави поинакви. Оваа година решивме повторно да направиме тематски роденден и да го прославиме во ретро и во диско стил заедно со најдобрите македонски диско диџеи Вера Јанковиќ и Драган Б. Костиќ, кои ќе се погрижат атмосферата во трговскиот центар да биде на највисоко ниво. Забавата во петок ќе започне од 17 до 20 часот, додека во сабота и недела ќе трае од 13 до 19 часот. Оваа година го враќаме диското во едно поинакво време, барем за еден викенд претворајќи го трговскиот центар во место за забава и дружење во ретро стил – изјавиja од менаџментот на трговскиот центар.
Роденденскиот викенд, покрај музика и декорација од 80-тите ќе биде исполнет и со возење ролшуи со посетителите, диско танцување, наградни активации, ретро аеробик, култни ретро филмски сцени со изведба во живо, слатки изненадувања за најмалите и многу други активности.
„Ист гејт мол“ ги отвори вратите за посетителите пред точно 3 години. Денес, трговскиот центар е омилена дестинација на огромен број посетители од државата и од соседните земји.
Изминатите 3 години, трговскиот центар склучи договор со нови и уникатни брендови, се организираа голем број настани, изложби, соработки со компании, здруженија и амбасади, спортски настани и многу други активности кои го прават трговскиот центар прв избор за посетителите.