СЕ НАДЕВАМ ДЕКА СО НОВАТА ВЛАДА ВО СОФИЈА ЌЕ ГО ОДБЛОКИРАМЕ ПАТОТ КОН ЕУ Мицкоски смета дека владата во Бугарија ќе има три партнери

Премиерот се надева дека во Бугарија ќе се формира влада со која ќе може конечно да почне да преговара.

476

Премиерот Христијан Мицкоски очекува Бугарија да формира нова влада по последните парламентарни избори што се одржаа вчера.

– Интересен мозаик ќе има во бугарскиот Парламент. Очекувам влада од три партнери. Без овие две не може да се направи влада ГЕРБ-СДС и Продолжуваат промените – Демократска Бугарија. Ќе видиме како ќе се развиваат работите. Се надеваме дека ќе има Влада и дека нема да има осми избори по ред и дека ќе можеме да седнеме и да најдеме решение да го одблокираме патот на Македонија во ЕУ – изјави Мицкоски по извршување надзор во работата на автопатската делница Гостивар – Букојчани.






Мицкоски не одговори дали му честитал на лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов со оглед дека неговата партија освои најмногу гласови и би требало да ја формира новата влада.

ГЕРБ на Борисов освои 25% од гласовите на вчерашните парламентарни избори во Бугарија. Конечните резултати се очекуваат денеска, а доколку првичните податоци се покажат како точни, Борисов ќе добие мандат да ја формира својата четврта влада, но ќе мора да бара коалициски партнери за формирање на кабинетот.

Поврзани содржини