📽️ ДВА ГОЛА НА МАКЕДОНСКИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ ЗА СТАРТ НА ВИКЕНДОТ Станковски и Несторовски поентираа

Лука Станковски го постигна третиот гол за Раднички Крагуевац во првенството на Србија. Илија Несторовски погоди за Славен Белупо против Шибеник во Хрватска.

204

Два гола на македонските интернационалци го означија почетокот на викендот.

Лука Станковски продолжува со голгетерската серија во првенството на Србија. Тој го постигна третиот гол во последните три меча во триумфот (4-0) на Раднички Крагуевац против Јединство Уб. Станковски го постигна третиот гол за својот тим.






Илија Несторовски беше стрелец во ремито на Славен Белупо против Шибеник (2-2) во 11. коло на ХНЛ. Прилепчанецот погоди по половина час игра за израмнување (1-1).

 

Поврзани содржини