АПЛИКАЦИЈА ЗА НАБАВКА НА ПОЕВТИНА ХРАНА Одлична идеја за намалување на отпадот од храна, но и за заработка
Crumbs е прва апликација за продажба и купување на вишок храна во Хрватска, додека во некои други земји вакво решение веќе постои. Нејзината цел е да го намали отпадот од храна, бидејќи производите како на пример, стар леб се повлекуваат од продажба.
Мобилната апликација Crumbs на Хрватот Антонио Матушан, ќе биде win win решение (што значи дека сите добиваат) за трговците на мало и за купувачите.
На едните ќе им нуди продажба на производите што инаку би ги фрлиле, а на другите, сè уште исправни производи по одлична цена.
Клучното е што стоката нема да се продава поединечно, туку во пакети, а таков модел веќе добро функционира во други земји.
Повеќе од 50 различни локации за продажба на храна во Загреб веќе се приклучиле на проектот Crumbs, кој сака да ги поврзе трговците на мало со вишокот непродадена храна и клиентите кои можат да ја добијат со попусти од 50 проценти и повеќе.
Веб-страницата на проектот Crumbs.hr е отворена и ги собира заинтересираните продавачи.
Авторот на проектот, Антонио Матушан, изјавил за Форбс Хрватска дека подоцна ќе може да се купува преку веб-страницата.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.