СЕ СРАМАМ ПОРАДИ ПОНИЖУВАЊАТА НА МАКЕДОНИЈА! Историјата не може да биде причина за блокада на патот кон ЕУ

Се чувствувам малку засрамено што треба да размислувам за понижувањето на Северна Македонија која го смени и името. Различните ставови за тоа која била мајка на народниот херој и со кого водела љубов, дали биле поврзани кога решиле да водат љубов, се многу интересни теми за историчарите, но мислам дека не се дел од сето она што нè поврзува да станеме дел од ЕУ, порача Рама на Втората меѓувладина конференција Албанија-ЕУ со која Тирана го отвора првиот кластер од преговорите.

858

Албанскиот премиер Еди Рама денеска на меѓувладина конференција Албанија-ЕУ во Луксембург ја спомна и Македонија и нејзиниот спор со Бугарија и со Грција. Додека Албанија денеска ги отвора преговорите со Унијата, Рама рече дека е засрамен за понижувањата на Македонија на патот кон ЕУ.

– Се чувствуваме тажни и стотици пати кажувам дека нашите браќа од Македонија сè уште не успеале да влезат во оваа фаза од процесот, иако беа први. Се чувствувам малку засрамено што треба да размислувам за понижувањето на Северна Македонија која го смени и името. Различните ставови за тоа која била мајка на народниот херој и со кого водела љубов, дали биле поврзани кога решиле да водат љубов, се многу интересни теми за историчарите, но мислам дека не се дел од сето она што нè поврзува да станеме дел од ЕУ. За нас и за мене, достигнувањето на ЕУ е да научиме да го гледаме патот со очите на иднината – порача Рама на Втората меѓувладина конференција Албанија-ЕУ со која Тирана го отвора првиот кластер од преговорите.






Албанскиот премиер се осврна како што рече и на три понижувања со кои се соочила Албанија во процесот.

– Кога гледам дека во процесот на интеграција сменивме толку многу работи, влеговме во нова динамика на дијалог. Имаме многу нови работи кои не беа случај со другите земји кога се обидоа да станат членки на ЕУ. Новинарите го гледаат само финансискиот дел, но се работи за интеграција. Пред 5 години се чинеше невозможно, денес изгледа реално. Комисијата рече дека сме подготвени, потоа зад затворени врати три пати бевме понижени. Но, она што не те убива те прави посилен. Од ова излеговме посилни и еве сме денес. Знаеме дека патот е долг, старите навики не поминуваат лесно, но за нас нема друга иднина. Сè што треба да разберете е дека кога Албанците се заљубуваат никој не може да ги спречи! – порача Рама.

Петер Сијарто, шеф на унгарската дипломатија, кој претседатева со ЕУ на отворањето на преговорите порача дека на Унијата ѝ треба нова енергија и свежина и дека затоа постапката за проширување мора веднаш да се забрза.

– Треба да преземеме итни чекори за да го одржиме кредибилитетот на политиката на проширување, треба да разбереме дека оваа политика го изгуби кредибилитетот. Просечното време на чекање надмина 15 години и ова е едноставно несоодветно – порача Сијарто на настанот.

Според него, повеќето земји-членки велат дека проширувањето треба да биде процес заснован на заслуги, но, тврдеше тој – има заслуги.

– Ако сакаме да ги видиме достигнувањата на Албанија, заслугите се присутни. Унгарските инвеститори играат важна улога во модернизацијата на албанската економија. Од друга страна, Албанија направи многу кога станува збор за условите што ги постави ЕУ за да може да ги отвори преговарачките поглавја. Но, на оваа позиција со Хрватска бевме 14 и пол години. Се надевам дека нема да чекаме до следното претседателство. Денеска разговаравме за основната група поглавја, има 6 поглавја за кои треба да се преговара – изјави Сијарто.

Тој притоа најави дека е можно да се отвори уште едно поглавје со Албанија.

– Ако секој си ја заврши работата на вистински начин, пред крајот на годината може да се отвори уште една група поглавја со Албанија што се 6, за надворешни односи. Албанија е прагматично подготвена, сите бирократски задачи ќе се завршат во Брисел и ќе можеме да седнеме на уште една конференција на крајот од мандатот на оваа – рече Сијарто.

Албанскиот премиер Еди Рама рече дека има план како Албанија да влезе во ЕУ. Според Рама, Албанија ќе биде спремна за во ЕУ до 2030 година.

Втората конференција меѓу ЕУ и Албанија се одржа во Луксембург и практично беше отворен првиот преговарачки кластер „Основни вредности“, со што Тирана практично ги почнува преговорите за членство во Унијата.

Овој кластер опфаќа фундаментални реформи во институциите во Албанија, вклучувајќи ги судството и основните права, јавните набавки, статистиката, безбедноста и финансискиот надзор. Од нивното спроведување, односно од напредокот во овие области ќе зависи целокупното темпо на преговарачкиот процес, како и почетокот на преговорите по другите кластери.

Албанија во 2009 година поднесе барање за влез во Европската Унија, а првата меѓувладина конференција за пристапни преговори се одржа во 2022 година. Досега напредокот на Албанија на патот кон ЕУ беше поврзан со напредокот на Северна Македонија.

 

Поврзани содржини