ИТНО СВИКАН КАБИНЕТОТ НА НЕТАНЈАХУ Ќе се одлучува дали ќе има одмазда врз Иран

Поранешниот генерален конзул на Израел во Њујорк вели дека Нетанјаху нека да ѝ стави крај на војната бидејќи тоа политички му одговара.

390

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ќе одржи состанок на владата. Ова го изјави неименуван израелски функционер за американската телевизија Си-Ен-Ен.

Состанокот на владата доаѓа во време кога израелските лидери размислуваат каков одговор треба да испратат по иранскиот ракетен напад врз нивната земја на 1 октомври.

Проширените воени операции на Израел во Газа и Либан и претстојниот одговор на ракетниот напад на Иран се доказ за потребата на премиерот Бенјамин Нетанјаху за политички опстанок, изјави поранешен израелски дипломат за Си-Ен-Ен.






– Нетанјаху не сака да ѝ стави крај на војната – изјави поранешниот генерален конзул на Израел во Њујорк, Алон Пинкас.

Според Пинкас Нетанјаху ја продолжи војната за да создаде атмосфера слична на војна, која е политички важна за него и политички му одговара.

Си-Ен-Ен потсетува дека поширокиот регион веќе е вклучен во конфликтот.

Израел ги засили воените операции во Појасот Газа, издавајќи наредби за евакуација и блокирајќи ја испораката на храна во сиромашната палестинска енклава.

Тензиите продолжуваат на израелско-либанската граница, а десетици земји ги осудија нападите врз мировниците на Обединетите нации.

Поради израелски воздушни напади и копнена инвазија, четвртина од либанската територија е под наредба за евакуација, а вчера премиерот на таа земја повторно побара прекин на огнот.

 

 

Поврзани содржини